Таневски: Изградба на современа инфраструктура во фокусот на СДСМ и МОЖЕМЕ
Изјава за медиуми: Лазе Таневски, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ во ИЕ 5
Тема: Изградбата на современа инфраструктура во фокусот на СДСМ и МОЖЕМЕ
Почитувани сограѓани, драги охриѓани
Се гради низ целата држава. Се гради низ Охрид, градот секој ден ни добива, поубав и далку помодерен лик.
Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.
Пандемија со вирус бара опремени болници и добри патишта за транспорт.
Владата предводена од СДСМ инвестира во инфраструктурата како никогаш досега.
Најголемата инвестиција кај нас е во колекторскиот систем во Охрид. Со години запоставен а значаен за да си го зачуваме драгоценото Охридско Езеро како бисер и природна реткост.
-Извршена е Реконструкција на стариот пат Охрид – Струга.
• булевар „Туристичка“;
• улица „Македонија“;
• улица „Егејска“;
• улица „АСНОМ“;
-Асфалтирани се голем број улици во сите населби и селата во општината;
-Поставена е нова атмосферска и фекална канализација;
-Партерно се уредуваат патеки, паркинзи и тротоари.
Во моментов се работи на неколку важни инфраструктурни инвестиции
Реконструкција на улиците: „15-ти Корпус, „Абас Емин“, „Прва Македонска ударна бригада“, пробиена е новата улица кај поранешната Касарна, Охридска Бригада
Реконструкцијата на велосипедски патеки и тротоари на булевар „Туристичка“ е во завршна фаза.
Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 км постоечки патни правци низ земјата.
И покрај сите перипетии се гради автопатот Охрид – Кичево а ќе почне и реконструкцијата на патот Охрид – Св.Наум
Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори и клучните премини Ќафасан и Деве Баир.
Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе.
Заокружете го бројот 3 за Ваша и сигурна иднина Вашите деца! – истакна Таневски.