22/11/2024
Охрид

Таневски: Посакувам овие убави денови да не исполнат со силна верба во Бога, која ќе ни помогне да ги надминеме сите предизвици

Големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица е симбол на животот и благосостојбата, а прекрасниот манастирски комплекс во село Скребатно кој е посветен на Мајката Божја и денеска беше симбол на заедништвото и сплотеноста.

Посакувам овие убави денови да не исполнат со силна верба во Бога, која ќе ни помогне да ги надминеме сите предизвици.

Преку посветеност и меѓусебно разбирање да продолжиме да ги негуваме нашите традиции кои се важна основа за напредок и подобра иднина.

Упатувам искрени честитки до сите православни верници со желби за добро здравје и мир во семејствата. Нека е за многу години големиот празник!, напиша на својот ФБ профил, пратеникот од Охрид, Лазе Таневски.