ТАВ ќе го пречека првиот лет од Истанбул на охридскиот аеродром
ТАВ Македонија на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе го одбележи пристигнувањето на првиот директен лет од Истанбул до Охрид со авиокомпанијата Онур Ер, во организација на тур-операторот tatilbudur.com
Настанот ќе се одржи в недела, 15 април, со почеток во 13:15 часот на платформата на Охридскиот аеродром.
Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и претставници на Онур Ер и на Татилбудур.