23/11/2024
Охрид

Театар Комедија – Скопје гостува во Охрид со претставата „Жена ми се вика Борис“

Во сабота, 21ви април, со почеток во 20 часот, Театар Комедија – Скопје гостува во Охрид со претставата „Жена ми се вика Борис”, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

Комедијата Жена ми се вика Борис, со оригинален назив Жена ми се вика Морис доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска.

Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот, a влезот ќе чини 150 денари.

Картите ќе бидат пуштени во продажба од утре 13ти април (петок), на Билетарницата на Народен театар Охрид. работно време секој ден освен недела, од  10:00-20:00 часот.