Театар Комедија со претставата „Стјуардеси“ вечерва гостува во Охрид
Актерите од Театар Комедија вечерва, во 20 часот, пред охридската публика ќе ја играат 101-та изведба на мега популарната претстава „Стујардеси“.
Претставата „Стјуардеси“ е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Режисер на претставата е Синиша Евтимов, сценографија и костимографијата – Илина Ангеловска, музика – Драган Ѓаконовски Шпато.Играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков.
Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред.