22/11/2024
Охрид

Театарска претстава за деца „Озо и Бозо“

На барање на охридската публика, Општина Охрид продолжува со низата настани за деца преку Програмата за култура за 2023 година.

На 01.09.2023 година ( петок)  по повод почетокот на новата учебна година повторно  со нашите познати актери Магдалена Ризова – Черних, Сашо Ристовски и Тамара Ангелеска , ќе се одржи тетарска претстава за деца „Озо и Бозо“. Претставата има за цел да се испрати  универзална порака: Со насилство НЕ – со дружба може СЕ! Местото на одржување е на сцената кај ТЦ АМАМ со почеток во 19:30 часот.

Театарската претстава ,,Озо и Бозо” е претстава која децата ќе ја проследат по повод почетокот на учебната година. Озо и Бозо се двајца браќа близнаци кои живеат заедно со дадилката во својот дворец, но Озо е тој кој постојано прави невољи и постојано сакам да се однесува како да е се негово. Во нивниот дом доаѓа гостинка која сака да се сретне со дадилката, но и со Озо за да ги праша нешто многу важно.

Низ многу згоди и незгоди со оваа претстава ќе упатиме апел до децата дека важно е да бидеме другари и секогаш да си помагаме, а насилството да не го применуваме во ниеден облик. Насилство во домот и во училиште не, со добри дела секаде и се.


WebOhrid / 24.08.2023 / Општина Охрид