22/10/2024
Охрид

Театарската претстава “КУМОВИ” репризно на репертоарот во петок (25.10.2024)

Театарска претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ репризно на репертоарот на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот. Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување!!!

Режија: Билге Емин, Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Превод и драматургија: Кристина Тодороска Петреска, Сценографија:Татјана Христоска Бажевска Костимографија: Марија Пупуческа.

Директор: Горан Стојаноски, Инспициент: Филип Ангеличин – Жура, Снимени гласови: Стрезо Стаматовски, Тон: Никола Јосифоски, Светло: Борис Велјаноски, Шминка и фризури: Арс Нова, Гардероба: Деса Лазороска, Линдита Мерко, Реквизита: Соња Крстаноска, Маријана Николоска, Изработка на сценографија и сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Горан Георгиески, Даниел Андрески, Кире Ангелоски.

Претставата започнува во 20:00 часот, цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 – 17:00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.


WebOhrid / 22.10.2024 / НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид