Театарската претстава за деца „Здраво Детство“ во среда (13.11.2024) во НУЦК „Григор Прличев“
Народен Театар Охрид и Театар Патувалка ви ја претставуваат претставата “Здраво Детство” – интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици. Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната.
Претстава за дечиња со возраст од 3 до 6 години.
Играат: Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар.
Среда, 13 ноември 2024 од 18:00 часот, цена на карта 150 денари.
Карти во продажба од понеделник (11.11.2024). Билетарата работи секој работен ден од 10:00 – 17:00 часот и 13:00 – 18:00 часот на денот на изведба на претставата.
WebOhrid / 11.11.2024 / НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид