Театарските групи од Црвен крст Бар и Крагуевац настапија на вториот ден од „Вдиши театар“
Опкружени со војна, омраза, страдања се причина за младите да тргнат во потрага по изгубените вредности и да откријат дека во секој човек тлее искра на хуманост и човечност, на која и треба многу малку за да се разгори. Тоа беше темата на театарската претстава, прекрасно изведена од актерите на театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора, во Центарот за култура Григор Прличев, на вториот ден од Театарскиот фестивал ВДИШИ ТЕАТАР.
Во вториот термин од 21 ч. младите од театарската група на Црвен крст Крагуевац, на високо професионален начин разработија една прекрасна љубовна приказна покажувајќи дека Театарскиот фестивал ВДИШИ ТЕАТАР е многу повеќе од аматерски.
На третиот ден од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ љубителите на театарот ќе имаат можност да го проследат настапот на театарската група од Црвен крст Суботица, кои вечерва од 20 ч., во Центарот за култура Григор Прличев ќе ја изведат театарската претстава „ЛАНЧАНА РЕАКЦИЈА“.
Влезот е слободен.
WebOhrid / 14.06.2024 / Црвен крст Охрид