Тектонската појава „Дувало“ во Косел прогласена за природна реткост
Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувало“ во атарот на с.Косел е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Локалитетот Дувало се наоѓа на оддалеченост од 7 км северно од Охрид на десната страна од регионалниот пат Охрид – Битола во с.Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.
Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита, од општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.
WebOhrid / 29.07.2024 / Општина Охрид