Телефони за психосоцијална помош и поддршка од вашиот дом
Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, од денес, 25.03.2020, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.
Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070 240 365 психолог Александра Николеска во период од 10 до 12 часот и на телефон 076 624 633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15 до 17 часот.
Покажете храброст и грижете се за своето ментално здравје.