Тепачка помеѓу двајца охриѓани на бул. „Македонски просветители“
На 13.07.2019 год. во 10,00 час. на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу И.В.(66) и П.Ш.(66), двајцата од Охрид.
Полициски службеници го привеле И.В. додека П.Ш. го упатиле во Општата болница во Охрид. Против нив, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.