Тепачка пред угостителски објект во Охрид
На 09.03.2019 година во 00:30 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу А.Ш. (35) од Охрид и Д.Ј. (31), од селото Лешани-општина Дебрца.
На А.Ш. му е укажана лекарска помош во Општата болница во Охрид. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.