29/11/2024
Охрид

Тепачка во Охрид, нападнат и полицаецот кој интервенирал

Утрово во 03:00 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.А(26) од Охрид и Д.И.(26) од охридското село Горно Лакочереј. Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од Д.И. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против учесниците во нарушувањето и сторителот на физичкиот напад, ќе поднесе соодветна пријава.