Тепачка во струшкото село Јабланица
На 20 јануари оваа година, околу 14 часот, во струшкото село Јабланица нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од С.Ш. врз Б.К.(29), двајцата од селото Јабланица.
При нападот, употребен е тврд предмет од кој, Б.К. се здобил со телесни повреди. Натамошниот тек на нарушувањето е спречен од присутни граѓани.
Повредениот е префрлен во Општата болница во Струга, а потоа пуштен на домашно лекување.