26/11/2024
Охрид

Тешко повреден 70-годишен пешак во сообраќајна незгода

На 23.07.2019 година во 17:45 часот, на крстосница од улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Сеат“, управувано од П.Т. (35) од Битола и пешак Љ.Н.(70) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди поради што е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На местото на настанот извршен е увид од страна на СВР Охрид.