Тешко повреден мотоциклист на бул. „Туристичка“ во Охрид
На 25.08.2020 во 16.00 часот било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, кај Градскиот пазар, мотоцикл „Сим“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.Г.(38) од Охрид, паднал на коловозот.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.