Тешко повреден охриѓанец кој паднал од мопед
На 04.08.2022 во 11.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Јане Сандански“ во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.