13/02/2025
Охрид

Тешко повредена девојка која паднала од прозор од ученички дом во Охрид

На 13.02.2025 во 00:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди била донесена 18 – годишна девојка од кавадаречко село.

Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека при обид преку прозор да излезе од ученички дом во Охрид, паднала и се здобила со повредите.

Се работи на расчистување на случајот.


WebOhrid / 13.02.2025 / СВР Охрид