12/03/2025
Дебрца

Тешко повредена жена од Коњско која со возило излетала надвор од коловоз помеѓу Ботун и Климештани

На 10.03.2025 во 22 часот, на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу селата Ботун и Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од Е.С.(30) од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 11.03.2025 / СВР Охрид