Тиквеш е освојувач на Купот на Македонија
Фудбалскиот клуб Тиквеш е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска во интересен натпревар, славеше победа со 2:1 над Воска Спорт во 31 финале од најмасовното натпреварување.
Екипата предводена од Ѓорѓи Мојсов беше подобар противник во текот на целиот натпревар и сосема заслужено се радуваше на првиот освоен трофеј, со кој ја заокружи одличната сезона.
Со овој триумф, тимот од Кавадарци обезбеди учество во квалификациите на Лигата на Конференеции.
Првото полувреме во целост му припадна на тимот од Кавадарци. Подобрата игра и доминацијата успеаа да ја крунисат со прекрасниот погодок на Стојкоски од слободен удар во 41. минута од средбата.
Во продолжението Луан Силва погодува во 59. минута за предност на Тиквеш од 2:0.
Конечните 2:1 ги постави Шаркоски, по една грешка на голманот на тимот од Кавадарци.
ТИКВЕШ: Ренер, Фетаи, Карчески, Луан Силва, Мојсов, Спахиу (87. Малески), Спиркоски, Стојкоски (90+3. Михаилов), Ми. Тодоров, Вареловски, Робертињо (83. Стоименовски).
Тренер: Ѓорѓи Мојсов.
ВОСКА: Захов, Ачимовиќ (46,. Георгиев), Менсалао (62. Шаркоски), Јашароски (46,. Јахја), Кочоски, Марушиќ, Николиќ, Стијеповиќ, Тодороски (72. Ибраими), Трпески (46,. Јусуфи).
Тренер: Срѓан Захариевски.
WebOhrid / 22.05.2024 / ФФМ