Тимотеј ја сподели најрадосната вест со верниците во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј
На 08.04.2018 година, на денот кога секое создание се радува и се весели поради Воскреснатиот Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ја сподели најрадосната вест со нашите верни чеда во Австралија, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј. Со него сослужуваа протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Велигденското послание, со кое Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, им го честита најторжествениот празник на своите верни чеда насекаде во светот.