23/11/2024
Спорт

Тодоров пред премиерата со Италија: Да покажеме дека знаеме да играме и со најсилните репрезентации

Селекторот Александар Тодоров е задоволен од она што неговите избраниците го одработтија во оние седум дена од подготовките, а пред она што следува во наредниот временски период. Четири натпревари во наредните пет дена.

Првиот денеска, од 15.30 часот, против лидерот во групата „Б“ од квалификациите за ЕП 2022 година – Италија.

„По точно една недела од првиот собир, од денеска ја почнуваме серијата од четири натпревари во период од пет дена. За нас ова е прв натпревар по пауза од точно една година. Се надевам дека ќе покажеме дека можеме да се ‘носиме’ со најсилните европски репрезентации како што беше случај минатиот февруари против Русија. Но во исто време и да потврдиме дека мечот со Естонија на домашен терен беше само лош ден“ – вели Тодоров пред почетокот на „балонот“ во Перм.

Италија и покрај тоа што игра „вон конкуренција“, досега, во овие квалификации дојде до три релативно лесни победи. Две од нив против РУсија, како и на гостински терне во стониај во ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА

Предводникот на нашиот сениорски состав добро ја познава италијанската селекција:

„Оваа нова генерација на Италија игра многу брза кошарка. Транзицијата и шутот за три поени ѝ се најсилно оружје. Дела Вале и Ричи се носители на нивната игра.  Двајца кошаркари на кои треба да посветиме најголемо внимание“– смета Тодоров пред дуелот кој стартува од 15.30 часот во „Молот“ Арената во Перм.