Тодорова сабота, отслужена света архиерејска Литургија на Плаошник
Денес, (23.03.2024), во Саботата од првата седмица на Великиот пост – Тодорова сабота, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.
WebOhrid / 23.03.2024 / Дебарско-кичевска епархија