Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач
Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“.
Оваа брошура нуди совети за безбедно купување на производи и услуги преку интернет. Потрошувачите во изминатиот период сè повеќе ги користат услугите на интернет продавниците лоцирани во Македонија и во странство. За да можат безгрижно да продолжат да ги користат овие услуги, се препорачува тие да се водат по овие совети, кои им помагаат на потрошувачите да купуваат преку интернет и да бидат сигурни дека нивните лични податоци се сигурни, дека плаќањето е безбедно и сл.
Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.