Топло добредојде за првачињата во Дебрца
Пред почетокот на новата учебна 2019/ 2020 година во основното образование, градоначалникот Зоран Ногачески приреди свечен прием за 24-те првачиња во Дебрца, кои од 2 -ри Септември за прв пат ќе зачекорат во училишните холови и ќе седнат во училишните клупи.
„Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезе некој архитект, успешен спортист, доктор, универзитетски професор, градоначалник, а зошто не и нобеловец. Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности. Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари. Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност. Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња“. – кажа градоналалникот Ногачески по свечениот прием.