26/11/2024
Охрид

ТППЕ Охрид доби нови интервентни одела

Територијалната противпожарна единица Охрид доби нови интервентни одела.

„Со огромна заложба на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски и силна поддршка од Градоначалникот на Општина Охрид – г-дин Кирил Пецаков, целокупната локална администрација и Советот на Општина Охрид, конечно ТППЕ Охрид доби НОВИ интервентни одела за технички интервенции и пожар на отворен простор.

Потребата од соодветна опрема и алат за беспрекорно функционирање на нашата единица наиде до разбирање кај сите засегнати страни во овој наш процес на обновување и опремување.

Голема благодарност за поддршката и продолжуваме уште посилно и поенергично!!!“ – велат од ТППЕ Охрид.


WebOhrid / 29.12.2022 / ТППЕ Охрид