Традиционална хуманитарна акција „Даруваме радост за првачињата“
Традиционално и оваа година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид ја организираат хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која има за цел да се собира училишен прибор или финансиски средства со кои ќе се набави училишен прибор за првачињата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Од денес па во наредните 10 дена хуманите наши сограѓани ќе можат да учествуваат во оваа хуманитарна собирна акција купувајќи вредносни талончиња од младите на Црвен крст Охрид кои ќе бидат на јавни места низ градот, а и ќе можат да донираат училишен прибор во кутии за донации поставени за оваа намена во книжарниците и маркетите во Охрид како и во просториите на Црвен крст Охрид.
На собраниот и купен училишен прибор од оваа акција во првата недела на септември ќе се радуваат децата со социјален ризик од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.