20/09/2024
Охрид

Традиционална крводарителска акција за празникот Свети Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид и тоа на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 часот и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 часот.

Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција.


WebOhrid / 06.08.2024 / Црвен крст Охрид