Традиционална прослава на Василица во Општина Охрид
Даме Балоски, Даниела Ристова и Васко Маркоски беа најсреќните на овогодинешниот традиционален заеднички појадок кој се одржа утрово во Општина Охрид по повод празникот Василица.
Појадокот за сите вработени во локалната самоуправа, кој се организираше по двегодишна пауза, го приредија кумовите Илија Козомора и Јане Баткоски, кои ги пронајдоа паричките во 2020 година.
Вработените си посакаа желби за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.
WebOhrid / 13.01.2023 / Општина Охрид