Трафика изгоре во пожар кој се проширил и на соседниот угостителски објект
На 07.09.2023 година во 05:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во трафика со земјоделски препарати, на улица „7 Ноември“ во Охрид, настанал пожар кој се проширил и на соседниот угостителски објект.
Повредени лица нема, а по интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Охрид, увид извршија јавен обвинител, вешто лице и полициски екипи.
WebOhrid / 08.09.2023 / СВР Охрид / фото: ТППЕ Охрид