30/11/2024
Охрид

Трендафилов-Нанче: Освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на Граѓанско Демократската Унија, денеска го посетија манастирот Св.Петка во Велгошти.

Нанче се сретна со голем број локални жители и разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.

Во разговорите Трендафилов истакна дека еден од основните негови приоритети е Општината да заживее, и освен традиционалниот, да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. Трендафилов ги праша мештаните колку од предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти се исполнети. Локалните луѓе изјавија дека како и секогаш тие што дошле до градоначалничката фотелја ветувале многу, но речиси ништо не исполниле.

Велгошти исто како и сите останати населени места во охридско е под ударите на „белата чума“.

Претседателот на ГДУ, Петар Колев им се заблагодари за гостопримството на велгоштани и потсети дека време е за промена, а не за замена. Во разговорите ја побара нивната поддршка на 21 април масовно да го заокружат бројот 4 за Михаил Трендафилов-Нанче.