Трета награда за ученичката Сара Џелили од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на „50 Детски Рацинови средби“
Младата средношколка во прва година е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, на литературниот конкурс на јубилејната поетска манифестација „50 Детски Рацинови средби“ во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес.
Да се добие ваква висока награда е голема чест и задоволство, пишувајќи за својот град, но особено затоа што станува збор за највисока детска поетска манифестација од државен ранг преку која се негува пишаниот збор како и ликот и делото на нашиот писател Кочо Рацин.
За гордост на градот Охрид е се исто така и ученичката Марија Наумоска, осмо одделение во ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Наташа Неданоска добивајќи Пофалници за учество во категоријата основно оброзавние.