Трета награда за ученик од ООУ „Кочо Рацин“ на шестиот Таблин меѓународен конкурс Божиќ – Празник радости
Вчера во Ниш во 12 часот, Библиотека Старец Никанор Хиландарац на Шестиот Таблин меѓународен конкурс Божиќ – Празник радости во категорија компјутерски цртеж од околу 400 творби, ученикот Кристијан Војдиноски V-1 од ООУ „Кочо Рацин“ Охрид, под менторство на наставничката Виолета Петковска ја освои третата награда, диплома и две книги. На ученикот божиќно пакетче му додели директорот Драган Маринковиќ Драма.
Ова е втора меѓународна награда на ученикот Кристијан Војдиноски.