22/11/2024
Македонија

Trex tea чај за слабеење кој се продава преку социјалните мрежи е небезбеден и неодобрен од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува потрошувачите дека на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, он лајн се нуди и се продава производ Trex tea, чај за слабеење, за кој АХВ нема издадено Мислење за пуштање во промет како додаток на исхраната и нема одобрено здравствени тврдења за рекламирање и презентирање во комерцијални цели, со што потрошувачите се доведуваат во заблуда.

АХВ не е во можност да изврши превентивни контроли со цел потврдување на усогласеност со законските барања од областа на безбедноста на храната поврзани со квалитетот и безбедноста на Trex tea, чај за слабеење при увоз во Република Северна Македонија, ниту пак кај продавачите на производот, бидејќи истите не се регистрирани оператори со храна и се непознати.

Ги предупредуваме потрошувачите дека производот Trex tea, чај за слабеење кој се продава он лајн на наведените линкови е небезбеден, нерегистриран со неодобрени здравствени тврдења од Агенцијата за храна и ветеринарство и може да биде штетен по нивното здравје. Консумацијата на чајот е на одговорност на потрошувачите.

Линкови на кои се нуди и продава посочениот чај:


WebOhrid / 20.06.2023 / АХВ