Три детски игралишта добија нов лик
Со соодветно уредување на просторот и поставување на нови реквизити за забава на најмладите, во тек е реконструкција на детското игралиште во близина на мостот на каналот „Студенчишта“.
Во текот на претходниот период беше извршена реконструкција и на детските игралишта на улица „Јане Сандански“ и во населбата „Христо Узунов“.
Работните активности за реконструкција на игралиштата ги изведуваа екипите на ЈП „Градски Пазар“ со поддршка на Општина Охрид.
Според планираното и во текот на наредниот период ќе се врши реконструкција и санација на детските игралишта на повеќе локации во општината.