Трката на Дедо мразовци презакажана за во сабота
Поради најавите за лоши временски услови во петок (29.12.2017), трката со Дедомразовци се одложува за сабота (30.12.2017) со почеток во 18:00 часот.
Прва трка на Дедо мразовци во Охрид, вредни награди за најмладите – пријавете се.
Помлади и постари, големи и мали, оние кои имаат желба за забава, вистинско празнично расположение и одело од Дедо мраз.
Сите кои се пронаоѓаат во овој опис веднаш да се пријават на првата трка на Дедо мразовци која ќе се одржи во Охрид во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
На патеката од пред хотелот „City Palace“ до плоштадот ќе се трча од 18:00 часот, а предвидена е и посебна забавна и музичка програма. За најдобрите има вредни награди – таблети, мобилни телефони, вечера за двајца и многу други…
Пријавувањето се врши на телефонот 075/45 32 94 или на маил адресата od20do20oh@gmail.com