23/11/2024
Македонија

Тројно убиство на семејство во Дебар

Синоќа во 20:45 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека во куќа на улица „1-Мај“ во Дебар, извршено e убиство.

Засега непознат сторител, влегол во куќата сопственост на А.П.(54) и пукал кон него со пиштол, по што ги усмртил и неговата сопруга Н.П.(53) и нивната 14 годишна ќерка. Извршен е увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.