16/11/2024
Охрид

Тротоарот пред Маларична служи како мото-паркинг

Поминувајќи покрај Маларична, може да се забележат многу мотоцикли паркирани на тротоар, правејќи го тротоарот претесен за разминување на пешаците.

Оваа ситуација не само што претставува пречка за пешаците, туку и ги принудува да се движат по велосипедската патека и по самата улица „Димитар Влахов“, што претставува безбедносен ризик.

Дали треба да се направи мото-паркинг кај Маларична?


WebOhrid / 01.11.2024