Труд „Правоаголен и афин координатен систем“ од основци од „Св.Климент Охридски“ избран меѓу најдобрите 7 во земјава
Учениците Филип Танаскоски и Лука Шуминкоски под менторство на наставничката по математика при ООУ”Св.Климент Охридски ” м-р Билјана Шуминикоска изработија труд на тема „Правоаголен и афин координатен систем“.
Трудот е избран во најдобрите седум во РСМ, а истиот ќе биде презентиран на 24.01.2023 година пред претставници од сојуз на математичари и МАНУ.