Турист од Малезија почина во хотел во Охрид
Рано утрово (01.12.2018) во 02:00 часот во Полициската станица Охрид, од лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел во Охрид има починато лице.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за С.Х.Б.Х.(68) од Малезија, кој заедно со неговата сопруга во Охрид пристигнале на 30.11.2018 година.
Околу 01:00 часот му се влошила здравствената состојба, а по пристигнување на екипата од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.
По наредба од Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на сопругата.