УАК Дебрца „2019“: Доделени наградите на најдобрите
Учениците од ОУ „Дебрца“ го одржаа традиционалниот атлетски крос.
Терминот за одржување е за патрониот празник на училиштето, 11-ти ноември, но поради временските услови беше преместен за овој период.
Учествуваа ученици од второ до деветто одделение, во машка и женска конкуренција, а трчаа на 300 и 1.800 метри. На трката од 1.800 метри поддршка даде и ја истрча и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.
Настанот беше организиран од училиштето, под покровителство на градоначалникот на општина Дебрца, од каде и ги обезбедија наградите, велосипеди за првопласираните и спортска опрема и тренерки за второ и трето место.
„Денес прекрасно изгледаше плоштадот во село Белчишта, каде што во предвечерието на празникот на Сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј се одржа традиционалниот училишен атлетски крос “Дебрца 2019”, на кој општина Дебрца и јас бевме покровители.
Глетката беше несекојдневно убава , а сите бевме лични затоа што атлетиката е кралицата на спортовите и се надевам еден ден и од одовде ќе се роди некој европски, светски, олимписки атлетски шампион.
Денес некои беа најдобри и добија заслужени награди, ама денес победивме сите, денес победи младоста и иднината на Дебрца.
И тука не застануваме. Продолжуваме и на претстојната манифестација “Охрид трчат” Дебрца ќе трчат во тимот на и за лицата со ретки болести.
И секогаш спортувајте. Спортот е здравје.“ – изјави градоначалникот Зоран Ногачески по доделување на наградите за најдобрите.
Наградени ученици:
Од трето до петто одделение
Машки:
1. Андреј Ристовски
2. Бојан Тупанчески
3. Климент Митрески и Андреј Наумоски
Женски:
1. Јована Тодороска
2. Ангела Карадак
3. Анабела Нелоска
Од седмо до деветто одделение
Машки:
1. Ненад Левески
2. Кристијан Трајаноски
3. Димитар Митрески
Женски:
1. Надица Секулоска
2. Тамара Трајческа
3. Мартина Чолеска