“Уби ме прејака реч”: Зборовите се посилни од куршумите!?
Ако ние не удриме по мафијата – неселективно и прописно, мафијата ќе удри по нас – селективно и непрописно! Ниско под појас! Курвински!
Поедноставено: Ако ние не ја уништиме мафијата, мафијата ќе не уништи нас!
Ете, гледате – нема “топла вода”, просто е како гравче, некои велат – Бопче(!).
Нема потреба од акциони планови, нема потреба од Декларации и повелби (на раководствата на партиите кои се веќе на власт и сите узди им се во рацете!), нема потреба од нови органи и тела, кои ги систавуваат веќе постони тела и органи!
Нема потреба од нов ФРОНТ!
За помладите, ФРОНТ се викаше една смешна политичка креатура – карикатура! ФРОНТ беше Социјалистичкиот сојуз (дедо му на ЗИНГО!), во која влегуваа Сојузот на млади (Бранко Азески), Сојузот на жени (Васка Дуганова!), Сојузот на борци и на крајот Сојузот на комунистите!
А на сите наведени во ФРОНТОТ, гаќите им се тресеа од овој последниот!
Кога директорував со “Радио Охрид” и уредникував со “Езерски глас” (и двете се одавна упокоени!), посакав една “Емисија за село”, самиот да ја направам. Да видам како се оди пеш и како се носи на рамо “Награ” од 15 килограми!
Се упатив за Сирула. Таму ме пречека едно чиче (Гаврил, буг да му душа прости), беше претседател на Месната заедница. Редот беше таков. Го снимив првин него. Му велам, сега претседателот на Социјалистички сојуз. Гаврил вели – јас! Неможам два пати да снимам ист глас! Е, тој сум, вели Гаврил.
Добро велам, да одиме кај претседателот на партијата, ЦЕ-КА, не може да чека! Гаврил вели – јас!
Те, молам, чичко Гаврил, немој само да ми кажеш дека си претседател и на Младината.
Е, таква нема, вели Гаврил! Како нема, нели комунистите велеа дека и училиште ќе им направат на селаните, ако немаат и деца ќе им направат!
Имаше, ама, повеќе нема!
Нејсе, “Социјалистите” сега е Зинго (избран да не води во светла иднина, се до судниот ден – негов и наш!), “Новите Социјалисти” е Тито (да не трошам простор – читајте исто како кај Зинго!), а “Комунистите” е Заев!
Додуша и Радмила, затоа што и таа е равна на Заев (потпретседателка избрана на Конгрес!?), ама таа барем мудро си молчи.
А, Заев не молчи! На слушнал за онаа народната, односно за оваа од претходната реченица: Молчи – толчи!
И во тоа е неговиот и мој проблем. Заев не знае дека “зборовите се посилни (по себеубиствени!) од куршумите” (Луис Зафон), дека често “не убива пресилниот збор” (Милковиќ).
А, треба да знае: Поради него, поради мене, поради сите нас.
Не може, другар Заев, мене никој да ме уништи и да ме симне од животот и новинарството. Ниту една мафија (една вечер, на пауза од претстава на “Охридско лето”, со мојот градоначалник, разговарав опкружен од тројца бодигарди!?), ниту еден суетен новинар (еве, пулиш – што би рекол Тунте, не ставам наводници!), ниту, да извиниш – еден педер!?
Јас и ти сме неуништливи. Несимнливи од тронот!
Кој може нас да не уништи? Никој, не постои таков. Но постои самоуништливоста!
Виктор Иго, навистина на едно место пишува за судбината (Анагн). Тој бил здепаст, низок по раст, ама бил силоно перо. Некој “нобл” од преку Ламанш, се обидел, да го навредува-на личен план. Иго му одговорил: Ние, во Европа, од оваа страна, луѓето ги мериме од главата нагоре, или од вратот – нагоре-сеедно!
Мене, не ме уништи ниту твојата претходна ЦЕ-КА, за Вевчанскиот случај. Нито новата ЦЕ-КА на “Бихаќска”, кога таму на Оливер му предадов пусулче, за доброволен излез од СДСМ.
Истото она, кое Радмила го “прекрсти” во оставка и истиот ден, во својство на потпретседател на Влада, ми врачи решение, дека сум разрешен од функцијата директор на Агенцијата за информации, односно дека е прифатена мојата оставка!?
А, таква, нема другар Заев, нема таму кај тебе – во архивата. Јас и сега, пред твоето реформирано судство, можам да ја оспорам!
Можев и тогаш, ама не го направив.
Мене не ме уништи, другар Заев, ниту твојот коалициски партнер, кој, со, од тебе двајца подарени мандати (преку Некого, или Некоја!), ти дрпнал колач од власта (читај – парите), многу поголем од оној што ни го даде Грујо во 2006 – за 7, наши, мандати!
Не ме уништи ниту кога ми нудеше амбасадорско место – само за да се тргнам од околу него, ниту понудата за 300.000 евра: ”Па, Веле не е Марадона, да му дадам толку пари”, пропелтечи, во една прилика, од собраниската говорница!
За него Јагнула Куноска велеше: По еден образ за секој ден од годината! Николче Младенов: Нит атер крши, нит работа врши!
Тиквата пукна (еве за прв пат) кога Никола Младенов, ми даде насловна страница и уште неколку внатре во “Фокус”:” Јас ќе ти пуштам фото репортeр, а ти направи си и прашања и одговори!”.
Тиквата пукна, кога јас се себосознав со кого, всушност, сум садел тикви! Со стејт невести, фалш -дипломки! Со недоквакана дечурлија која прво оди во парламентот, а потоа на факултет! Со секретарки – кафекуварки, кои денеска водат институции кои се рбет на системот! Со нечии невести кои денеска не водат ништо, а седат до тебе во владата!?
И сега, ти се печеш на жар, а Некој си ги лади ташаците некаде на Халкидики, во некакви Ханиоти!
Да, може да не уништи – наивноста. И мене и тебе, затоа што не знаеме, не знаев јас со кого садам тикви! Ти можеби знаеш. Великиот Прличев велеше: “Лицем свеци, срцем в,ци!”.
Никој друг не може да не уништи. Или мене барем не можеше:
Ниту Тане и Коле, од Заштитните комитети на ВМРО ДПМНЕ – со двете пушки на мостот на Студенчишки канал! Зошто? Затоа што во раните деведесетти, јас веќе имав радио на албански и турски јазик. Прво, комерцијално. Далеку пред “Кризата”, далеку пред “Рамковниот”!
Не ме уништи (жив и здрав е сполаj му на Господа), драгиот Зарчев, кој од сред паркингот на “Трудбеник”, не најаванео и од апансус, ме собра во џипот и ме однесе на Асанџура – планината над Велестово, каде, изведе “боево гаѓање!” Не ми ги стресе ниту пачите, ниту ташаците! Кој не верува нека го праша.
Не ме уништи ниту Шапкарот, скриен зад другарот Лазо, кога се обиде во Свети Стефан да помине преку мене, со џипот, за кој јас открив дека е купен со парите на Калабријците. Исто како што на цела страница од Вечер (на Мирко Миро0нски, не на Ивонка!), испружив наслов: “Паднале снегови –покриле трагови”!?. Дете беше ти, другар Заев, кога една зимска ноќ, исчезнаа неповторливите дела од иконостасот во манастирот “Свети Наум”!
Не ме уништи, ниту твојот Бучко, кој денеска те уништува тебе, ама ти тоа, божем, не го гледаш. Бараше да му простам. И му простив, на начин што единствен од владеачкото мнозинство гласав да не го апсат на враќањето од Грција! Зошто го направи ова, пеаша? За да правиш разлика помегу Веле, Владо и Марјан попот!?
Кога распалив во Фокус, некаде 2008-та, другарот Тито, беше го размножил во доволен број примероци и не собра во Радовиш, да ми суди – Судот на партијата! Со вакво пледоае: “Убаво рекол Черчил за некој министер: Прави му добро, за да ти врати со лошо!”.
И тој, требало да го отстрани, нели? Да, вели и уште онака христиојански додава: “Но, ете што не можам јас – Господ!”.
Не, му велам, јас, ти не си го читал Черчил. Дури и ако си го читал, си го читал, онака – накосо, со прескакање. Јас ќе ти кажам што рекол. Рекол: “Не нема да го сменам Ќе го оставам. Подобро е да моча – одвнатре нанадвор, отколку – однадвор навнатре!!!
“Те колеа од СДСМ!”, се мајтапеше, во една прилика, кога ми го виде вратот покриен! Не ме колеа, ама ти си денеска првиот до Заев! Велиш, Џилијан Миловановиќ, те натерала даправиш влада со Груја? Не знаев дека Џилија Миловановиќ, да ти била од Струга, ама знам дека ти таква одлука не донесе на ниту еден орган. А, јас го барав тоа!
Ете, другар, Заев, оставе не сите нас – да мочаме! Кој одвнатре, кој однадвор! И суетните новинари, кои навистина постојат, и мафијата – која навистина секој ден ти се плетка низ нозете и педерите – да извиниш!
Јас и ти сме несменливи!
Освен, ако, самите себе си – не си се смениме!
Веле Митаноски
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.