26/11/2024
Охрид

Убиство во Велгошти

На 31 август оваа година, во 16 часот и 37 минути, во полициската станица Охрид добиено е телефонско известување за казнено дело „убиство“ извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата „Илинденска“ во охридското село Велгошти.

На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.