22/11/2024
Охрид

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ дел од Оригами работилница

Минатата недела, поточно на 2.11.2017. година учениците од II 2 одделение при ОУ „Григор Прличев“ –Охрид со нивната учителка Мери Димзовска во просториите на игротеката ВАЊА учествуваа на оригами работилница. Работилницата беше реализирана од страна на Анета В. Јованоска, од општинскот Црвен Крст. Покрај работилницата во рамките на настанот се организира и маскембал со награден карактер по повод празникот Хелуин (Halloween). Ученикот од ова одделение Калин Христов ја освои третета награда за најдобра маска.

„Иако овој празник не и припаѓа на нашата традиција, кај учениците беше прифатен со големо задоволство и радост. Во одлична атмосфера сите млади учесници на оригами работилницата беа наградени, најмногу со убавиот спомен и дружењето.“– велат од училиштето.