Ученици од ОУ „Григор Прличев“ дел од работилница за болестите од зависност
Црвен крст на Република Македонија во месец Ноември 2017 според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност на алхохол, пушење и психоактивни супстанци, денес во поголемиот дел од светот исто така и кај нас, злоупотребата на дрогите, алхохолот и пушењето се во пораст и нивните општи и специфични карактеристики се условени од одделни општествени културни економски социјални и географски можности.
Учениците од осмите одделенија од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид учествуваа на работилницата која беше проследена со големо внимание и која успешно се реализира.
Болестите на зависност остануваат актуелен проблем како од медицинска, социјална така и од општествена гледна точка.