Ученици од ОУ „Христо Узунов“ во посета на Општина Охрид
Четвртоодделенците од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општина Охрид. Нив во големата општинска сала ги пречека градоначалникот д-р Јован Стојаноски, кој ги запозна со основните функции и работата на Локалната самоуправа, а потоа одговараше и на прашањата што беа упатени до него.
Учениците беа и во кабинетот на градоначалникот, одблизу се запознаа со неговата работа и посетија неколку служби во локалната администрација.
За функционирањето на локалната самоуправа основците учат по наставниот предмет „Општество“.