Учениците од „Братство – Единство“ се потсетија на приказната за штурецот и мравката
Денот на шегата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ е одбележан со презентацијата на приказната за „Штурецот и мравката“.
Гости во библиотеката беа учениците од трето одделение од ОУ „Братство – Единство“ заедно со своите учителки Наташа Балева и Оливера Дамјаноска.
Елизабета Бојческа и Христина Трпеска, вработени во библиотеката им ја презентираа приказната преку збор и слика, а потоа следеше и разговор со учениците и се откри поуката што во себе ја крие оваа секогаш актуелна приказна.
Презентацијата ја подготвија м-р Мариче Боздоганова и Елизабета Бојческа.