Учениците од ОУ „Григор Прличев“ го одбележаа Денот на пролетта
По повод 21 Март – Денот на пролетта учениците од I до III одделение при ОУ „Григор Прличев“ учествуваа на пролетното дефиле на градскиот плоштад. Останатите ученици го одбележаа празникот во училишните клупи, меѓутоа и тие не заостануваа зад нивните другарчиња.
Со пролетни маски, цвеќиња, убава атмосфера во централното училиште, додека во подрачното во нас.Рача, традиционално учениците го посетија манастирот Св.Благовештение – Благоец каде засадија цвеќиња.
Значајно е да се спомене соработката со родителите особено во I4 одд. родителката Ана Топалоска ги изработи пролетните маски за сите ученици во одделението. Ваквите соработки се клучни бидејќи образовниот тријаголник (родител –ученик –наставник), кога е комплетен дава најдобри резултати.
Во училишниот двор покрај дефиле се одржа и отворен спортски час во кој учество зедоа учениците од петтите одделенија.