Учениците од ОУ „Свети Климент Охридски“ и ОУ „Кочо Рацин“ во посета на Општина Охрид
Учениците од трето одделение при ОУ „Свети Климент Охридски“ и ОУ „Кочо Рацин“ денеска беа во посета на Општина Охрид.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими младите гости во големата општинска сала при што ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на општината и главните општински симболи. Тој одговори и на сите прашања кои ги поставија љубопитните ученици.
На средбите со учениците, градоначалникот го придружуваа претседателот на општинскиот совет, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески
Ученичките посети се дел од наставната програма за трето одделение по предметот Општество.
WebOhrid / 08.04.2022 / Општина Охрид